MK EN AL

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

на Мое Здравје

Министерството за здравство на Република Северна Македонија со седиште ул. Водњанска бб., 1000 Скопје (во натамошниот текст: Министерство за здравство) управува со мобилна и компјутерска апликација преку која што корисниците на здравствени услуги можат да следат свои податоци за закажани упати, минати упати, резултат од прегледи, да ги следат и превземат веќе генерираните сертификати за КОВИД-19, да ги следат и превземат веќе генерираните сертификати за заздравување од КОВИД-19 и други податоци регистрирани во Националниот систем за електронска евиденција во здравството воспоставен согласност со Законот за евиденција во областа на здравството (во натамошниот текст: Мое Здравје).

Во оваа Политика за Приватност, објаснети се целите, обемот и начинот на собирање и обработување на Вашите лични податоци додека го користите Мое Здравје.

НАПОМЕНА: Со прифаќањето на оваа Политика за Приватност и со користењето на услугите на Мое Здравје, Вие се согласувате со наведениот начин на собирање и обработка на Вашите лични податоци при користење на услугите на Мое Здравје.

За сите прашања што ги имате во однос на значењето на оваа Политика за Приватност, нејзината примена, начинот на обработка на лични податоци или користењето на Вашите законски права за заштита на лични податоци можете да го контактирате офицерот за заштита на лични податоци на Министерството за здравство: Диана Ристовска Додевски, со e-mail адреса: [email protected]

  1. Цел на обработка

    Врз основа на Вашата согласност дадена со прифаќање на оваа Политика за Приватност со цел давање на услугите поврзани со Мое Здравје, Министерството за здравство:

    1. обработува Ваши лични податоци регистрирани во Националниот систем за електронска евиденција во здравството; и
    2. собира и обработува Ваши лични податоци при користењето на Мое Здравје.

    Конкретно целите на собирање и обработка на Вашите лични податоци се следниве:

    • Давање на услугите на Мое Здравје: Мое Здравје ги користи Вашите лични податоци регистрирани во Националниот систем за електронска евиденција во здравството со цел да може истите да ги прикаже на апликацијата Мое Здравје односно да Ви овозможи пристап и увид во Вашите лични податоци кои што се веќе собрани од давателите на здравствена заштита. Овие податоци вклучуваат детали за сертификатите за вакцинација за КОВИД-19. Корисникот може да го провери својот вакциналент статус и да пристапи до и да ги превземе веќе генерираните сертификати за КОВИД-19. Корисникот може да го провери својот статус на заздравување од КОВИД-19 и да го преземе сертификатот за заздравување од КОВИД-19. Исто така, корисникот може да ги гледа горенаведените податоци за децата кои се осигурани преку него.
    • Решавање на проблеми и подобрување на Мое Здравје: Мое Здравје ги користи Вашите лични податоци, со цел да овозможи функционалност на Мое Здравје, да го оценува функционирањето на Мое Здравје, како и да елиминира грешки или да ја подобри корисноста на Мое Здравје за корисниците.
    • Почитување на регулативата: Постојат случаи во кои што Мое Здравје ги собира и користи Вашите лични податоци затоа што за тоа постои законска обврска или наредба на орган на власта
    • Комуникација: Мое Здравје може да ги користи Вашите лични податоци со цел да комуницира со Вас во врска со услугите на Мое Здравје. Под комуникација се подразбира комуникација во секоја форма (лична, телефонска, поштенска, e-mail комуникација или комуникација преку некоја електронска комуникациска платформа).
    • Спречување на злоупотреби: Мое Здравје може да ги користи Вашите лични податоци со цел да спречи измама, злоупотреба на Мое Здравје, кршење на законите од страна или за да ги заштити интересите на пациентите, Мое Здравје или трети лица од недозволено или неморално однесување.
  2. Начин на собирање на лични податоци

    Со цел да Ви овозможи користење на услугите на Мое Здравје согласно Правилата и условите за користење на Мое Здравје и за подобрување на услугите кои што се даваат преку Мое Здравје, Мое Здравје може да собира лични податоци:

    • Преку преземање на податоци од Националниот систем за електронска евиденција во здравството; и
    • Податоци поврзани со користењето на Мое Здравје, како што се име, презиме, e-mail адреса, кориснички име и лозинка за пристапување на Мое Здравје.
  3. Политика на пермисии

    Со цел Мое Здравје да може да Ве препознае преку интернет пребарувачот односно Вашиот апарат и така да ви ја достави услугата, Мое Здравје ги користи пермисиите за интернет (ACCESS_NETWORK_STATE).

  4. Давање на личните податоци на трети лица

    Мое Здравје нема да ги дава Вашите лични податоци или да овозможува неоправдан пристап на трети лица до Вашите лични податоци.
    Трети лица на кои што Мое Здравје би можел да им ги пренесе Вашите лични податоци може да бидат:

    • Трети лица ангажирани во врска со давањето на услуги на Мое Здравје: Овие трети лица може да ги користат Вашите лични податоци само за извршување на потребната услуга и не може личните податоци да ги користат за други цели.
    • Органи на власта: Мое Здравје може да открие Вашите лични податоци на органи на власта или лице определени од нив, доколку за тоа постои изречна законска основа, наредба од суд или управен орган, како и доколку тоа е потребно за да се заштитат правата, интересите, имотот или безбедноста на Мое Здравје, партнерите на Мое Здравје, корисниците на услугите на Мое Здравје, јавноста или било кое трето лице.
  5. Временско ограничување за чувањето на лични податоци

    Мое Здравје ги зачувува само Вашите лични податоци поврзани со пристапувањето до Мое Здравје, како што се име, презиме, IP адреса, ЕМБГ, e-mail адреса, кориснички име на СЕН за пристапување на Мое Здравје.

    Вашите лични податоци кои што Мое Здравје ги презема од Националниот систем за електронска евиденција во здравството не се зачувуваат на апликацијата Мое Здравје или системи директно поврзани со неа.

  6. Право на бришење, исправка, корегирање, дополнување, добивање на лични податоци

    Вие имате право од Мое Здравје да побарате бришење, корегирање, дополнување на Вашите лични податоци складирани кај Мое Здравје. Притоа можно е одредени Ваши лични податоци да не може да бидат избришани поради законска обврска за нивно чување.

    Постојат одредени податоците кои што се складирани во други регистри, а кои што Мое Здравје само ги користи. Во однос на тие податоци, Вашите права за бришење, исправка, корегирање, дополнување и добивање треба да ги побарате пред надлежните регистри.

  7. Ограничување на собирање и користење

    Доколку не сакате да примате било каква комуникација (e-mail, пораки, телефонски позиви, комуникација преку електронски платформи за комунијација), тогаш можете тоа да го побарате од Мое Здравје со електронско барање.
    Доколку не сакате да добивате известувања преку апликацијата на Мое Здравје, тогаш тоа можете да го побарате од Мое Здравје.

  8. Право на пристап

    Покрај тоа што е наведено во оваа Политика на Приватност, додатно Вие имате право од Мое Здравје да побарате потврда дали Мое Здравје обработува Ваши лични податоци и да добиете пристап до тие лични податоци и до следните информации: (i) цели на обработката; (ii) категории на лични податоци кои се обработуваат; (iii) корисници или категории на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени личните податоци, особено корисниците во трети земји или меѓународни организации; (iv) предвидениот рок за кој ќе се чуваат личните податоци, а ако тоа не е возможно, критериумите што се користат за одредување на тој период; (v) информации за како да го реализирате Вашето право на исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци поврзани со субјектот на личните податоци, или право на приговор против таквата обработка; (vi) информации за како да го реализирате Вашето право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на лични податоци за заштита на Вашите права; и (vii) постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето.

  9. Право да се повлече согласноста за обработка на личните податоци

    Вие имате право во било кое време да ја повлечете согласноста дадена со оваа Политика на приватност преку бришење на Корисничкиот Профили или барање до Мое Здравје.

  10. Сигурност на податоците

    Системот на заштита на лични податоци на Мое Здравје е креиран со главна цел да ги заштити приватноста и личните податоци на корисниците на услугите на Мое Здравје.

  11. Менување на политиката

    Мое Здравје има право да ја менува Политика за Приватност или практиките околу собирање и обработување на Вашите лични податоци при употребата на услугите на Мое Здравје за што ќе добиете соодветно известување.

  12. Пријава до Агенцијата за заштита на личните податоци

    Доколку сметате дека со собирањето или обработката на Вашите лични податоци, некои Ваши права се повредени или е прекршена некоја од одредбите на Законот за личните податоци, тогаш можете да поднесете барање за заштита до Агенцијата за заштита на личните податоци.